6.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаСвет''Бил Гејтс со насолзени очи: Jaс сум виновен за разводот со Мелинда''

”Бил Гејтс со насолзени очи: Jaс сум виновен за разводот со Мелинда”

Неодамна Бил Гејтс се обвинил себеси за разводот од сопругата Мелинда, како што пренесува „Њујорк Пост“.

Коосновачот на компанијата „Мајкрософт“ наводно тоа го направил во текот на делот на „прашања-одговори“ на конференцијата која се одржала во американското одморалиште Сан Вали.

Според зборовите на еден од присутните, Гејтс признал „дека погрешил“ мислејќи на тоа дека тој е виновен за разводот од сопругата Мелинда.

„Беше емотивен во врска со тоа. Речиси на раб на солзи“, тврди изворот и додал дека Гејтс не го користел зборот „афера“ кога зборувал за разводот.

Друг учесник изјавил дека неговите зборови биле многу емотивни, додека пак нареден го критикувал милијардерот поради одбивањето на комуникација со останатите учесници на конференцијата. Наводно, Гејтс во текот на настанот делувал „вознемирено“.

Инаку, Марк Сузман, извршен директор на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, најавил план за вонредни состојби „за да се обезбеди континуитетот на работата на фондацијата“ и тоа само два месеци откако Гејтс и неговата сопруга објавија дека планираат да се разведат, меѓутоа ветувајќи дека ќе продолжат да работат заедно во нивната хуманитарна фондација.

„Доколку по две години било кој од нив двајца одлучи дека не може да продолжи со заедничката работа на чело на фондацијата, Мелинда Гејтс ќе поднесе оставка на местото копретседател“, објаснил Сузман.

Извршниот директор исто така изјавил дека доколку има такво сценарио, коосновачот на „Мајкрософт“ ќе остане на чело на Фондацијата и во суштина ќе може да ја „откупи“ поранешната сопруга од фондацијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...