Не е точно дека ќе се кандидирам за градоначалник во Општина Центар, вели Сашо Мацановски-Трендо во изјава за Фактор, откако повеќе медиуми објавија дека водителот ќе биде кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– На секои изборни циклуси ме прават кандидат за градоначалник. Но, ниту сме разговарале со партијата, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ ме прашале. Јас сум задоволен со тоа што го работам во моментов, така што навистина такво нешто не постои. Дури и се шегував со ваквите информации, напишав не на Центар, туку на Центар Жупа – вели Трендо за Фактор.
Инаку, според наводите на повеќе медиуми како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.