23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНа професор по право не му кажувајте закони: Полицаецот кој го легитимирал...

На професор по право не му кажувајте закони: Полицаецот кој го легитимирал Апасиев постапил против правилата, и сега е на дисциплинска !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот и лидер на Левица информацијата ја објави на својот фејсбук-профил каде што ги прокоментира и пишувањата за овој случај на социјалните мрежи и одделни медиуми.

<

Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи утврдила дека полицаецот неправилно се легитимирал, постапил спротивно на правилата и не издал записник за извршеното испитување за алкохолизираност, во случајот со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев од неодамна за што пратеникот поднесе претставка до МВР. Против полицаецот се води и дисциплинска постапка.

Попладнево пратеникот на својот фејсбук- профил го објави известувањето од МВР за неговата претставка и го прокоментира пишувањето на социјалните мрежи и одделни медиуми за неговиот случај.

„Епа, драги најчевци, панчо-миновци, полициски синдикалци со купени дипломи и други соросписки журналисти и колумнисти. Друг пат, кога ќе се обидете да му држите лекција на Професор по право, прво прочитајте си по некоја книга и по некој закон, па тек тогаш коментирајте у етер, за да не се бламирате и да ви се смее народ.

Внатрешната контрола при МВР утврдила дека:

Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал, со што постапил спротивно на чл. 3 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат дрегер – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност.

P.S. Уште од Римското право, основното гесло на правниците е: Чесно да живееш, никому да не му наштетуваш и секому да му го дадеш она што му припаѓа! Така ги учам студентите, така и живеам – без оглед дали комуницирам со граѓанин, полицаец, министер, амбасадор, спикер, претседател, крал…
P.S. Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи Животот!“, напиша Апасиев во коментарот.

плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...