30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветДемонстрантите му порачаа на Макрон „да си го пикне здравствениот пасош во...

Демонстрантите му порачаа на Макрон „да си го пикне здравствениот пасош во газот“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Многу големо мнозинство Французи (76 отсто) ја одобрува одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници и за другите професии, со казни.

<

Повеќе од 160.000 лица демонстрираа во Франција денеска против новите здравствени мерки, од кои околу 11.000 во Париз. Полицијата вечерва успеа да ја врати контролата кај Елисејските полиња, додека демонстрантите викаа: „Ова го правиме за вашите деца“, „Направете државен удар, момци!“ „Макрон, пикни си го пасот во газот“, јави дописникот на МИА.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи, денеска демонстрираа 161.000 демонстранти во Франција, наспроти 114.000 минатата недела. Од друга страна, тие биле помалубројни во Париз 11.000 наспроти 18.000 на 17 јули.

Најважните собири се одржаа во Париз, но исто така и на југот на Франција, во Марсеј, Ница и во Монпеље. Вкупно, Министерството за внатрешни работи забележа 168 демонстрации на кои најчесто можеше да се слушнат извиците „За слобода“, како и да се видат паролите „Против здравствената диктатура“, „Против проширувањето на здравствениот пасош“ и „Против задолжителна вакцинација за ковид-19 за одредени професии“.

Многу големо мнозинство Французи (76 отсто) ја одобрува одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници и за другите професии, со казни. Проширувањето на здравствениот пасош (целосна вакцинација или неодамнешен негативен тест) добива мнозинско одобрување, но нивниот процент варира во зависност од засегнатите места.

Ќе поминевме и без здравствениот пасош ако контекстот беше поинаков – рече министерот за здравство Оливие Веран, додавајќи дека ќе му стави крај на ова што е можно побрзо.

– Кога 90 или 95 отсто од населението ќе бидат вакцинирани ќе имаме 300 случаи дневно, место сегашните 20.000. Ќе живееме со ковид-19 сѐ додека не исчезне самостојно – рече министерот пред Сенатот во петокот вечерта, објаснувајќи дека моделите „предвидуваат силен бран со кој ќе бидат погодени болниците, што може да биде многу тежок на средина или на крајот на август“.

Во обид да се запре прогресијата на делта варијантата на вирусот, претседателот Макрон на 12 јули претстави серија мерки, што делумно влегоа во сила во средата. Иако потврдата веќе се бара во културните и забавните простории, мерката треба да се прошири на кафулињата, рестораните и возовите на почетокот на август.

Одредбата за новиот текст, која моментално се разгледува во Сенатот по усвојувањето во првото читање во Националното собрание, го отвора патот за отпуштање на работници во установи отворени за јавноста кои одбиваат да имаат здравствен пасош, односно целосна вакцинација. Предлог-законот, исто така, предвидува задолжителна вакцинација за негуватели, медицински персонал, пожарникари и професионалци кои работат со стари лица.

ПЛУСИНФО

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...