22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветДетали за денешната кобна несреќа: „Тоа сите се наши луѓе кои работат...

Детали за денешната кобна несреќа: „Тоа сите се наши луѓе кои работат во Германија, а кои дошле на одмор во Косово“- се огласи и косовскиот амбасадор во Хрватска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Гезим Касаполи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Косово во Хрватска, пристигна во болницата во Славонски Брод, каде се сместени повеќето граѓани на Косово кои се повредени во несреќата што се случи утрово на автопатот А3 Загреб – Липовац.

<

 

 

– За жал, дојдовме поради страшната несреќа. Само би сакал да им се заблагодарам на Владата на Република Хрватска и сите власти кои ни помагаат во овој момент. Можам само да им изразам сочувство на семејствата и да ги замолам да имаат разбирање и за нас. Сите ќе бидеме тука за нив во овие тешки времиња, рече тој.

– Овие се сите наши луѓе кои работат во Германија и кои дошле на одмор во Косово, рече Касаполи за жртвите и додаде дека тоа е косовска компанија за превоз.

 

 

Да потсетиме, најмалку десет лица загинаа, а 45 се повредени при излетување на автобус со косовски таблици на автопатот А3 кај Славонски Брод.

Туристичката агенција што го организираше патувањето е Дева Турс, која организира патувања на релација Германија – Косово – Албанија со седиште во Франкфурт.

Хрватскиот портал 24Сата објави разговор со сопственикот на агенцијата:

 

– Господине, сега патувам и не можам да кажам ништо, ни рече со сериозен глас.

На прашањето дали има каква било информација, тој одговори не. Кога го прашавме дали знае дека загинале намалку 10 лица, тој рекол:

– Од каде го добивте тоа? – прашал сопственикот на агенцијата.

 

Од порталот 24Сата одговориле дека станува збор за официјални полициски податоци.

– Не знам ништо, немам никакви информации. Пазете какви информации објавувате, бидете свесни што правите, рекол сопственикот и го затворил повикот.

news24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...