17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија Мачето Ана го живее вториот живот благодарение на Стевче Доневски.

 Мачето Ана го живее вториот живот благодарение на Стевче Доневски.

spot_imgspot_img

овек може да ти згреши, но животинче никогаш. А кога на врата ќе ти затропа мало беспомошно маченце, тука веќе нема дилеми, тоа мора да стане нов член на вашето смејство. Со овие зборови ја започнува приказната кратовчанецот Стевче Доневски, кој вдоми маче на кое малку подоцна му го спаси животот.

„Пред три години, на верскиот празник Крстовден, пред вратата на мојот дом, од никаде се појави маче, Мало, беспомошно, со милозливо мјаучење, како да молеше да остане кај нас. По консултација со сопругата и синот, одлучивме да го прифатиме затоа што гостинот ни дојде на големиот христијански празник Крстовден.

Одлучивме мачето да го носи името Ана. Мачето фати корен кај нас, дури стана и милениче на туристите од цел свет кои го посетуваа Општинскиот центар за карпеста уметност. Се навикна на блицот, па штом ќе видеше непознати, веднаш се качуваше на малото триножниче, подготвено за нова фотосесија.“, ја започна приказната Стевче.


По една година, семејството Доневски забележале дека наскоро Ана ќе се омачи и ќе има уште принови во нивниот дом. Но, работите тргнале на лошо.
„Подготвивме килимче,а купивме и кошница за мачињата кои наскоро требаше да се родат. Но, едно утро забележав како Ана лежи на бетонот пред нашиот дом, со тажен и беспомошен поглед. Имав гостинка од Полска, која одлично ги познавала животните, и таа веднаш ми кажа дека Ана има висока температура.

И ставивме млеко и храна, но Ана одбиваше да јаде. Следното утро забележавме дека Ана се виткаше по подот, обидувајќи се неуспешно да се омачи. Веднаш повикав ветеринар, кој ни кажа дека животот на Ана може да се спаси само со царски рез. Ни препорача да повикаме ветеринар од Куманово, кој може да и го спаси животот. Стапивме во контакт и веќе утредента Ана беше оперирана. Ветеринарот ни кажа дека Ана можеби нема да се разбуди од анестезијата, па цела ноќ бдеев кај Ана, воопшто око не склопив“, раскажува Доневски.

Следното утро Ана почнала да се буди, првин мрднала со опавчето, а наскоро ги отворила и очите. На среќата на Стевче и немало крај, но битката за живот продолжила.
„По два-три дена минати во кошницата, Ана конечно стана да прошета, но и се скинаа конците од операцијата. Морав да ја носам итно во КУманово, каде повторно беше зашиена. По две недели конечно раната зарасна, Ана стана весела и почна да ги прави редовните прошетки до Шанчева куќа и плоштадот.

Жал ми е што од неа нема да дочекаме принови, ама мачките знаат да ја ценат човечката милост. Кај нас во Кратово постои една стара изрека која вели дека мачките бараат милост, кучињата комад, а децата и милост и комад“, ја заврши приказната Стевче Доневски. Оливер Арсовски…

aberdzija

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...