5.3 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Крсте од Ресен приведен од полицијата за подметнување пожар, а помагаше...

Дедо Крсте од Ресен приведен од полицијата за подметнување пожар, а помагаше да се изгаси

Пожари беснеат низ земјава, огнот голта сѐ пред себе. Прогласена е кризна состојба, а пожарникарите, армијата, полицијата, доброволци… со натчовечки напори се борат да ги спасат шумите што ни останаа. Тука е и МВР, и да помага, но и да приведува. Меѓу неколкуте приведени лица е и 75-годишниот Крсте Старковски од Ресен.

Во изјава за МКД.мк неговиот зет Љубомир Гавриловски тврди дека овој човек не е приведен, туку бил повикан да даде исказ во полициска станица во Ресен бидејќи помагал да се изгасне пожарот во село Лева Река, Ресенско, и од медиумите дознале за приведувањето. Наспроти ова МВР децидно тврди, К.С. е приведен како осомничен дека го подметнал пожарот.

Дедо Крсте, кој е осомничен дека е предизвикувач на пожарот, според неговиот зет активно учествувал во гаснење на огнот со хидрант од кој вклучил црева за да може да го гасне огнот што избувнал близу неговата куќа.

„Мојот дедо не беше приведен, туку повикан во полициската станица во Ресен. Има 75 години и помагаше во гаснењето на пожарот во овој дел, кој избувна близу неговата куќа. Полицијата вели дека во 17.50 го привеле, а ние во тој период бевме на лице место и гасневме пожар. Во полициска станица отидовме дури по 19 часот. Во полициска станица тргнавме со наше возило, но од полицијата ни рекоа дека дедо ми треба да појде со полицајците. Не ни кажаа во кое својство го приведуваат, иако неколку пати прашавме”, вели Гавриловски.

Тој додава дека во пожарот освен тие, помагале и мештаните што живеат на ова место и нагласува дека неговиот дедо не го подметнал пожарот, туку помагал да се изгаси, а истото ова го кажале и во полициска станица.

„И вчера и денес повторно бевме повикани во полициска и кога прашавме зошто медиумите објавуваат такви информации дека дедо ми е приведен, полициските службеници ни кажаа дека медиумите може да пишуваат што сакаат. Но потоа видов дека оваа информација всушност е од МВР и од таму сте добиле информација. Јас ви тврдам дека тој не е приведен, туку повикан и пуштен. Одземен му е само мобилниот телефон, а записник не ни дадоа. Човекот активно учествуваше во гаснење на пожарот. Ги прашавме да ни дадат докази, да видиме или ако е осомничен да ни кажат, но ништо од тоа не се случи”, раскажува зетот на дедо Крсте.

Од МВР, пак, и вчера и денес за МКД.мк велат дека човекот е приведен и постојат основи на сомневање дека го подметнал пожарот.

„На 5 август полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од с. Лева Река, Ресенско, поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица поради основи на сомнение за сторител на кривично дело ‘предизвикување на општа опасност’, со него е извршен службен разговор и е пуштен. Истовремено, за случајот е известен jавен обвинител и понатаму се постапува според неговите насоки”, ни одговорија од МВР.

https://newz24live.com

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...