26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАктерот Владимир Тулиев добил отказ од штипскиот театар

Актерот Владимир Тулиев добил отказ од штипскиот театар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Освен во театарот, тој има остварено и солиден број на филмски улоги, во „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Господ постои името ѝ е Петрунија“, „Година на мајмунот“…, а во последниве години на јавноста ѝ е познат преку улогата на Дончо во „Преспав“
Актерот Владимир Тулиев доби отказ од неговиот матичен театар во Штип. Информацијата ја потврди Тулиев преку Фејсбук, истакнувајќи дека после 42 години од првата професионална театарска претстава утринава му стигнало и отказното решение.

<

Засега нема подетални информации зошто Тулиев е избркан од работа.

„Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!“,

напиша тој.

Освен објавата на Тулиев, засега нема поконкретни информации за причините поради кои актерот добил отказ од матичниот театар.

Тулиев е долги години присутен на театарските штици, а има остварено и солиден број на филмски улоги и тоа во „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Господ постои името ѝ е Петрунија“, „Година на мајмунот“ и други. Во последниве неколку години на јавноста ѝ е познат преку улогата на Дончо во телевизиската серија „Преспав“.

360stepeni

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...