18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаСветСЗО потврден првиот случај во Гвинеја на екстремно смртоносниот вирус Марбург.

СЗО потврден првиот случај во Гвинеја на екстремно смртоносниот вирус Марбург.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на екстремно смртоносен вирус марбург, сличен на ебола.

<

Според СЗО, ова е прв случај на марбуршка вирусна хеморагична треска во Западна Африка, пациентот бил лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што починал.

Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот, пренесува „Гардијан“.

„Вирусот марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро“, рече регионалниот директор на СЗО за Африка, Мацисидо Моети.

Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеца откако земјата прогласи крај на епидемијата со ебола, во која годинава загинаа 12 лица.

Ова е првпат смртоносната болест да се идентификува во Западна Африка, а од 1967 година во Марбург имало 12 големи епидемии, претежно во јужна и источна Африка.

Стапките на смртност од вирусот марбург варираа од 24 до 88 проценти во минатите епидемии, во зависност од видот на вирусот изјавија од СЗО.

Вирусот се пренесува преку крв и секрети. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста започнува со висока температура, болки во мускулите и општа слабост, што доведува до големо оштетување на органите и е чест фатален исход кај пациентите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...