18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОд први септември учениците во школо

Од први септември учениците во школо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Настава со физичко присуство и строги протоколи за заштита од вирусот – вака ќе изгледа почетокот на учебната година на први септември, а доколку се влошува епидемиолошката состојба може работите да се променат. Министерката за образование Мила Царовска најави дека и покрај наставата со физичко присуство која ќе се спроведува, можно е да влезат во игра и другите две сценарија доколку тоа го побара ситуацијата, односно понатака да се воведува комбиниран модел на настава. Сепак, да се надеваме дека состојбата со вирусот нема да се влошува дополнително.

<

Последната одлука треба да ја донесе Владата. Владината седница е во тек и за сега нема детали.

– Минатата година покажавме дека може да има е успешна онлајн учебна година, но нема подобро образование од она со физичко присуство. Затоа што искуствата и во светот, и кај нас, покажуваат дека менталното здравје и социјализацијата се дел од учењето. Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците, Кризниот штаб препорача и денеска имаме владина седница на која очекувам дека ќе биде потврдена одлуката, изјави Царовска.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...