4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонија„Пациентот мора да биде спасен“ - зборови кои одекнуваат во главата на...

„Пациентот мора да биде спасен“ – зборови кои одекнуваат во главата на секој лекар

spot_img

Секој ден, различни приказни покажуваат дека докторите се вистински херои. Најмногу тоа се докажува кога животот на нејкој е во нивните раце и мора да сторат се да го спасат. Ова е уште една случка која покажува дека лекарите имаат големо срце. 25 годишната докторка, по само еден месец работа во Итната медицинска помош во Струмица, спаси жена-давеник на градската плажа во Дојран.

Настанот се случи на 11-ти август, околу 17 часот, додека младата докторка била дежурна во амбулантата во Дојран. Заедно со неа била и дежурната медицинска сестра и возачот на амбулантното возило, кога во просториите на амбулантата, која се наоѓа во близина на градската плажа, влетал вознемирен човек кој барал помош.

Како што раскажува д-р Китанова за ,,Фокус”, човекот им кажал дека од езерската вода извадил тело на млада жена, давеник, која не давала знаци на живот.

-Веднаш се упативме кон местото, каде без знаци на живот, значи без срцева активност и пулс лежеше жена на возраст од 36 години, струмичанка. Околу неа имаше многу народ, сите беа вознемирени и потресени, и првото нешто кое го прашав беше дали некој и пружил било каква помош на жената, на што ми одговорија дека единствено човекот кој ја забележал во водата, успеал да ја извади на брегот.
Започнав со реанимација, бев под голем стрес и единствено мислев дека мора да ја спасам, да ја вратам во живот! Кога и дадов андреналин, таа започна со дишење, се врати во живот! Беше збунета, не зборуваше ништо. На раце, со сестрата и возачот на амбулантото возило ја ставивме на носилка, помогнаа и луѓето од плажата, стигнавме до возилото, и заминавме во болницата во Гевгелија – раскажува докторката.

Вели дека жената била задржана во гевгеличката болница на испитување, а веќе наредниот ден била пуштена дома.
Појаснува дека најважно и е што еден човечки живот е спасен, и скромно вели дека таа само си ја работела својата работа.

-Успеавме да ја спасиме, тоа е најважното нешто! Тоа се моменти кои не се опишуваат со зборови, се работи за секунди, стресот беше навистина голем, а зборовите дека пациентот мора да се спаси одекнуваат во мислите.
Но, додека траеше реанимацијата, луѓето кои во голем број беа насобрани околу нас, морам да забележам дека помеѓу нив имаше и такви кои целиот настан го снимаа со мобилни телефони! Не треба така, во такви моменти додека некој се бори за живот, лоша слика е тоа. Сепак, на крај, кога веќе жената се врати во живот, благодарна сум на насобраните кои помогнаа да ја пренесеме до возилото, бидејќи истото немаше пристап до местото на настанот.
Голема благодарност најмногу и до човекот кој ја извадил давеничката од водата, до медицинската сестра, до возачот на амбулантното возило, до сите кои во тие моменти на некој начин помогнаа. Притрча и една жена која ни кажа дека има обука за спасувач, благодарни сме и и нејзе – вели д-р Китанова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...