18.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаЖестока битка во СДСМ: Партијата не може да се одлучи дали повторно...

Жестока битка во СДСМ: Партијата не може да се одлучи дали повторно да излезе на избори со двајцата најомилени градоналници на народот, Зоран Ногачески и Максим Димитриевски !!!

spot_imgspot_img

Партиски извори велат дека зелено светло од социалдемократите добиле Марјанчо Николов за кандидат за градоначалник на општина Велес и Горан Сугаревски за градоначалник на Прилеп.

Жешка битка за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ се води за Куманово, Битола и Дебарца, дознава „Слободен печат“ од добро информирани извори во СДСМ.

За Куманово, освен актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој бара кандидатура од централата на СДСМ за втор мандат, во трка е и актуелниот секретар на општинската организација на СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски, за кој по партиски кругови велат дека ја има подршката и од својот имењак, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Исто така не се знае кој кандидат ќе биде за општина Дебрца, дали повторно Ногачески ќе застане на чело од СДСМ кој важи за еден од најомилените градоначалници кај народот и се разбира води на сите спроведени анкети од страна на партијата и од новинарските куќи!!

Илиевски на социјалните мрежи на големо го промовира својата изборна кампања, а од друга страна се води негативна кампања за актуелниот градоначалник Димитриевски, како просрпски, и проруски ориентиран, со тенденција да се прикаже како непожелен, особено за гласачите Албанци во Куманово.

Максим Димитриевски за „Слободен печат“ вели дека подршката што ја има од граѓаните е мотив за него да очекува канидатура за следните локални избори. СДСМ најави дека до денекса попладне ќе ги соопшти кандидатурите.

Партиски извори исто така велат дека зелено светло од социјалдемократите добиле Марјанчо Николов за кандидат за градоначалник на општина Велес и Горан Сугаревски за градоначалник на Прилеп.

Познато дека во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов, за Охрид кандидат ќе биде Костадин Ѓорѓиевски, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип, за Неготино – Тони Делков, Гази Баба – Борче Георгиевски, Могила – Јасмина Гулевска, Берово – Звонко Пекевски, Ранковце – Даниел Крстевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...