26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата прогласи тридневна жалост за несреќата во Ковид центарот во Тетово

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во Ковид центарот во Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
-За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

<

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.

Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, информираа од Влада.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....