14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаИнститутот за судска медицина го зеде телото на 20 годишната девојка која...

Институтот за судска медицина го зеде телото на 20 годишната девојка која почина во тетовската болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Институтот за судска медицинa го зеде телото на 20 годишната девојка која почина во тетовската болница непосредно пред да избие пожарот. Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, но Институтот прави обдукција и на девојката на која пред пожарот и правеле реанимација и починала.

<

Директорот на Институтот Aлександар Станков информира дека е извршена обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина. Таа починала пред избувнување на пожарот во ковид центарот во Тетово.

Телевизија Телма објави дека станува збор за девојка од 20 години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но кога се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка ѝ и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Девојката, која веќе била почината, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувало нејзиниот погреб.

Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги.

Се очекува денеска телата на жртвите да им бидат предадени на семејствата.

Во пожарот во ковид центарот во Тетово сега веќе се 15 жртви. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица.

Истрагата сѐ уште трае, а обвинителката за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја побара целокупната документација од изградбата на модуларните болници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...