7.9 C
Ohrid
понеделник, март 31, 2025
ПочетнаМакедонијаКолегите на сега покојната Армина: Срцето ни изгоре, таа сонуваше да стане...

Колегите на сега покојната Армина: Срцето ни изгоре, таа сонуваше да стане лекар, на сите сакаше да им помага..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Немаме зборови, срцата на сите ни се изгорени, нашата Армина Шехаби ја нема повеќе – за „Фокус“ раскажуваат вработени во „Мулири Вјетер“, кафетеријата во Тетово во која повеќе од две години работела младата Армина, која загина во пожарот во тетовската модуларна болница, заедно со нејзината мајка.

<

Велат дека таа имала големи соништа, сакала да биде лекар, секогаш им помагала на луѓето. Ќе ја помнат по нејзината насмевка, позитивната енергија и широката душа, внимателна со сите, добар работник и пријател.

– Advertisements –

-Мајка и на Армина не беше добра, па за да се грижи за неа, таа не доаѓаше на работа овој период. Кога ја слушнавме веста за пожарот, душите ни прегореа. И татко и бил таму, надвор, се обидувал да помогне, да ги спаси, но се случило за три минути, се станало пепел за кратко време. Претешко ни е на сите, замина еден млад живот, требаше за неколку дена да и биде роденден, да полни 29 години… Верена беше, за свадба требаше да се радуваме. И постојано кажуваше дека планира да се запише медицина, тоа и беше желба голема, да помага на луѓето, и ете така, помагајќи и грижејќи се за болната мајка си отиде – со растреперен глас раскажуваат колегите на Армина.

Додаваат дека имала брат, кој останал сам со нивниот татко по трагедијата. И редовни гости во кафетеријата каде таа работела, имаа само убави зборови за неа.

-Со години го пијам кафето таму, добро ја знам, скромна, мила девојка беше. Ова е трагедија која сите длабоко не потресе, скршени ни се срцата – ни изјави Ардит, еден од редовните посетители во локалот каде работела младата девојка од Тетово.

Според деталите кои ги објави ОЈО, покрај 12-те загинати пациенти во болницата, починати се две лица кои не биле хоспитализирани. Една од нив е Армина, а другата жртва била во посета кај својот сопруг.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Женскиот фудбалски клуб Башкими оддаде почит кон 59-те жртви од големата трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Фудбалерките на ЖФК Башкими откако го одиграа натпреварот со ЖФК Кочани, во рамки на 15. коло од Кадетската лига во Горни Подлог, положија цвеќе...

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот влегол во оган за...

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот влегол во оган за...

Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје.

Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје. Тој се натпреваруваше во финалето...

Почина Маринко Колнаго, основач на „Нови фосили“

Маринко Колнаго, легендарен басист и еден од основачите на популарниот југословенски бенд „Нови фосили“, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Со голема...