15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинувањата на Хоџа дека протестите на лозарите имаат политичка позадина, ги налути...

Обвинувањата на Хоџа дека протестите на лозарите имаат политичка позадина, ги налути земјоделците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Каде има политика ?! Ај, да видиме, јас телефонот ќе го дадам, да видиме дали некој како Здружение ми се јавил мене од партија?! Па, сами луѓето си го организираа ова тука, тие што чекаа 70 луѓе и нивните фамилии дојдоа…јас не повикав пред „Тиквеш“ кога бев – да повикам, ајде луѓе…Ако има политика, лично има од министерот и вината е од министерот…бидејќи кој го натера него на штрајкот да ги донесе, ајде нас ни вика градоначалникот како домаќин на општината Неготино, да го пречекал, ами што мајка бара Панчо Минов, што мајка бара тој советникот на градоначалникот, и тоа до министерот стојат и се вмешуваат во муабетот…?!“, вели Дано Јошев, претседател на Регионалното здружение „Тиквешки лозаро-овоштари“ од Кавадарци. Тие тврдат дека ниту биле политички инструирани, ниту пак терале политика, туку дека само си бараат достојна цена за вложениот труд, а ако некој терал политика, тоа била власта, односно министерот.

<

Обвинувањата на министерот Хоџа дека протестите на лозарите имаат политичка позадина, ги налути и останатите македонски земјоделци. Од новоформираните тутунски здруженија велат дека во реакцијата на министерот ја препознаваат истата шема како и при нивните протести пред ланскиот откуп на тутунот и се закануваат дека во знак на солидарност и на поддршка на лозарите, повторно ќе го активираат сеземјоделскиот „Петровденски“ протест.

„Недозволиво стана, министерот секој револт и секое незадоволство што се јавува оправдано кај земјоделците да се етикетира на ваков начин., туку и да се дава по политички етикети дека земјоделците некој ги манипулира и политички ги мотивира. Самото незадоволство, самата девалвација на нашиот труд, се мотивираат земјоделците и си протестираат, си ги бараат правата, си бараат маката да им се исплати….Министерот така ги наруши нашите протести, ги етикетира како политички, сега истото им се прави и на лозарите..“, посочува Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Извор: Алфа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...