2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски до Апасиев: Ајде да се обединиме заедно, па да ги...

Мицкоски до Апасиев: Ајде да се обединиме заедно, па да ги поразиме СДСМ и ДУИ.

spot_imgspot_img

Ќе ја прифати ли Апасиев понудата за обединување од Мицкоски и заедно да ги поразат СДСМ и ДУИ?
РАДИО ЛИДЕР
СЛУШАЈ

Дали Апасиев ќе ја прифати понудата за обединување од Мицкоски?
На вчерашното гостување на Сител телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика лидерот на Левица, Димитар Апасиев да им се приклучат во големото обединување на опозицијата и заедно да ги поразат СДСМ и ДУИ.

МАКЕДОНИЈА
19.08.2021. 10:33

Дали Апасиев ќе ја прифати понудата за обединување од Мицкоски?
На синоќешното интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека обединет опозициски блок ќе го растури ова тенко владино мнозинство. Тој го повика Димитар Апасиев вистински и со конкретни потези да му се спротивстави на Зоран Заев.

Мицкоски посочи дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии за заедно настапување на престојните локални избори, затоа што, како што потенцираше – проблемите на сите се заеднички.
Градиме мостови и коалиции со сите политички партии и можам да потврдам дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии да на овие избори уште во првиот круг во определени општини настапиме заеднички. Во една коалиција која ќе ја победи неспособноста, срамот понижувањата, криминалот, пљачката на граѓаните бидејќи солзите на мајката Македонка и мајката Албанка и Турчинка, Влаинка, Ромка подеднакво болат кога се простува од своето дете кое што поради што не добило шанса во својата држава одлучуваат да ја напуштат Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека овој повик за конечно да се избориме против неспособноста, криминалот и понижувањата кои оваа власт им ги приредува на граѓаните, се однесува и на раководството на Левица.

– Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт, рече Мицкоски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...