18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаUncategorized @mkАпелите на Народниот правобранител не се важни за Царовска

Апелите на Народниот правобранител не се важни за Царовска

spot_imgspot_img

Министерката за образование и наука Мила Царовска соопшти дека 24 ученици биле новозаразени со коронавирус во вторникот, но не посочи во кои општини или градови. Децидна е дека досега нема индикации за промена на моделот на настава и повторно порача дека таа одлука ја носи Комисијата за заштита од заразни болести. Народниот правобранител Насер Зибери претходно со допис побара од министерството поголема транспарентност околу информациите за заразените во училиштата.

„Иако средствата за јавно информирање секојдневно известуваат за конкретни бројки на новооткриени позитивни случаи на ученици и наставници ширум државата, ресорното Министерство за медиумите не соопштува конкретни бројки, туку само споделува информација за извесен процент од 0,02 отсто од вкупниот број ученици, при што се тврди дека интерна трансмисија на вирусот во рамките на училиштата не постои“, се вели во дописот на Правобранителот.

Царовска изјави дека вчера бројот на позитивни ученици бил 0,01 отсто, што според неа е позитивен тренд на намалување.

– Досега нема индикација дека треба да се менува моделот. Кога ќе добиеме индикација, подготвени сме да постапиме – изјави вчера Царовска.

На прашање дека во многу од училниците нема место за физичка дистанца меѓу учениците, Царовска ја префрли одговорноста на Државниот санитарен инспекторат, чија задача била да провери дали условите се соодветни или не. Царовска е задоволна од имунизацијата на наставниот кадар.

– Од наставниот кадар 0,05 процент се заразени со коронавирус. Процентот на вакцинирани наставници е висок, над 74 проценти и тие во континуитет се вакцинираат. Мислам дека до крајот на месецот ќе имаме соодветно ниво за колективен имунитет кај наставниците. Двапати е повисок бројот од националниот стандард. Тоа покажува висока свесност кај наставниците од потребата во континуитет во настава – додаде Царовска.

Народниот правобранител завчера отвори предмет по сопствена иницијатива за следење на остварувањето на правото на образование на децата, како и мерките и активностите што ги преземаат надлежните органи за непречено остварување на ова право во услови на пандемија од ковид-19. Правобранителот Насер Зибери испрати допис до МОН, што, како што се вели, произлегува од честите поплаки на родители заради организацијата на воспитно-образовниот процес.

„Дополнително преку медиумите Народниот правобранител се стекна со сознанија дека на дневна основа расте бројот на заразени ученици и наставници од ковид-19, како и бројот на оние што поради контакт со позитивните случаи се во изолација, што во извесни случаи се и цели паралелки“, се вели во дописот.

На ова министерката Царовска одговори дека најрелевантна институција за прашања по протоколите, планот за работа и сценаријата за настава не е ниту МОН ниту Народниот правобранител, туку Комисијата за заштита од заразни болести.

Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...