22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГлупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, никој жив нема влезено...

Глупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, никој жив нема влезено во податоците вели Симовски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Глупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, никој нема увид во податоците, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Утрински брифинг” на прашањето за коментар на изјавата на поранешниот бугарски конзул Иван Анчев, кој за бугарски медиум изјавил дека на Пописот на населението досега како Бугари се изјасниле само 72 лица.

<

„Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за било какво влегување во него, па дури и од нашите вработени. Податоците ќе бидат достапни дури откако ќе заврши пописот и вкупната обработка”, изјави Симовски.
Анчев за порталот Фактор.бг додава дека ако на пописот само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје.

Анчев кажа дека останатите 130.000 баратели на бугарски државјанства потпишале изјава пред нотар дека имаат бугарско потекло и национално сознание, што значи дека дале лажна изјава – дело казниво според бугарскиот кривичен законик.

Досега во земјава според информациите добиени од Државниот завод за статистика, вкупно се попишани 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...