23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица: Заев потпиша уште еден предавнички договор !!!

Левица: Заев потпиша уште еден предавнички договор !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЗОРАН ЗАЕВ ПОТПИША УШТЕ ЕДЕН ПРЕДАВНИЧКИ ДОГОВОР, ОВОЈПАТ СО САМОПРОГЛАСЕНАТА ДРЖАВА „КОСОВО“

<

Договорот кој е еден од 11те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на т.н. „Сили на безбедност на Косово“ низ територијата на Република Македонија.

Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на „Косово“ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата протекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста. Слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен. Особено кога се воени сили на нелигитмна држава, која е непризнаена од страна на Обединетите Нации.

Воените сили на „Косово“ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот „Монструм“, што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок.

Левица е против ваквиот договор и се залага да го укине, како и воопшто признавањето на „Косово“, штом дојде на власт. Не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот.
Стои во соопштението на Левица кое беше објавено на социјалните мрежи.
Линк до објавата Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...