12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто наставници ги тераат децата да вежбаат со маски на Физичко?

Зошто наставници ги тераат децата да вежбаат со маски на Физичко?

Министерството за образование не презеде обврска да прати инспекција во школите за да провери како се одвива наставата по Физичко воспитание иако во Протоколот за настава со физичко присуство никаде не пишува дека учениците треба да носат маски додека извршуваат физички активности, пишува Плус Инфо.

Како ќе влијае врз здравјето на децата вежбањето на часовите по Физичко образование со маски? Родителите досега беа загрижени за тоа како носењето маски на училиште ќе влијае врз здравјето на децата, а сега треба да се грижат и за тоа какви последици ќе остави вежбањето со маски врз здравствената состојба на нивните деца.

До редакцијата на ПЛУС ИНФО пристигнаа поплаки од родители дека во одредени основни училишта на часот по Физичко образование учениците носат маски, трчаат и вежбаат со маски, по што се жалат дека не можат да дојдат до здив, дека тешко дишат и чувствуваат голем замор и главоболки.

Што вели Протоколот?

Во Протоколот за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021-2022 година, освен дека во фискултурната сала не смее да има повеќе од една група, односно одделение и дека по секое користење, треба да се проветри и дезинфицира, никаде не пишува дека учениците треба да бидат постојано со маски додека извршуваат физички активности.

За тоа како треба да се одвива наставата по овој предмет за време на пандемија разговаравме со професорите од спортската гимназија „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје. Часовите по Физичко во ова училиште би требало да бидат пример за тоа како треба да се одвива наставата во сите други основни и средни училишта.

Професорите рекоа дека ги следат протоколите за реализација на наставата со физичко присуство, односно, во фискултурната сала повеќе од едно одделение не е присутно, практичните предмети во сала се извршуваат без маски, а оние ученици кои поради одредени причини седат на клупа – носат маски, седат со потребната дистанца, не се изведуваат спортски игри и вежби каде учениците меѓусебно би биле во близок физички контакт.
Извор: Плус Инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...