20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонија5000 денари казна за паркирање на место за лица со посебни потреби

5000 денари казна за паркирање на место за лица со посебни потреби

Основна задача на Пајак службата е отстранување на возила кои се неправилно паркирани, вклучително и на зелени површини, како и хаварисани возила.

Инаку, за планирање на работата е одговорна и МВР, а Пајак службата има соработка и со лице од Град Скопје. Пајак службата работи во две смени, меѓусмена и повремено трета смена кога има потреба. Шефот на смена прави неделен распоред на возилата, а службено лице од МВР е присутно на лице место при планирањето. Недозволено паркирање на возило до Пајак службата дојавува МВР.

Пајак службата располага со 8 специјални возила. Согласно Ценовникот, надоместокот што се плаќа за подигнато возило зависи од местото од каде е подигнато – од јавна сообраќајница чини 2500 денари ако се подигне од Пајак, а ако сопственикот се најде на лице место 1500 денари. Ако се подигне возило паркирано на место за лице со посебни потреби се плаќа 3000 денари доплатен билет и 2000 ден за отстранување со пајак, вели Елизабета Атанасова од Секторот за општи и правни работи на ЈП Градски паркинг во емисијата „Утрински брифинг“ .

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...