28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев за оставката на Филипче: Ќе учите некој шест месеци да менаџира...

Заев за оставката на Филипче: Ќе учите некој шест месеци да менаџира со короната?, Филипче: Никој не е венчан за функцијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека јавноста е во очекување, премиерот да пресече дали ќе ја прифати оставката на министерот Филипче, Заев се правда дека ако го разреши, ќе трпи борбата со пандемијата. За експерите, молкот од претседателот на Владата е купување време, а понудата за оставка на Филипче е само пи-јар, сметаат дека доколку била искрена ќе беше неотповиклива. После ваквите изјави на Заев, се отвора дилемата – дали македонското здраство е доведено до ситуација да зависи само од еден човек и зарем Македонија нема кадар кој би го заменил првиот човек на здравството за да ја менаџира ковид кризата во време кога постојано сме меѓу првите земји во светот по смртност од корона вирус.

<

Да кажете дека нема кој да го замени министерот и да ја менаџира кризата, тоа е навреда прво за комисијата за здравство во сдсм, па за сите лекари, другите здравствени работници, и за целата фела лекари. Не е можно никој да не може да го замени колегата Венко Филипче – вели за Алфа др. Беким Татеши, претседател на Комисија за здравство.

Др. Татеши дециден – опозицијата постојано предупредувала дека се губи контролата врз пандемијата, а наместо да се земат предвид препораките на експертите, оставено е само на Комисијата за заразни болести.

Се работи за по мене една кризна состојба, каде што треба да учествуваме сите, во Комисијата за заразни болести фалат многу професионалци, во нашата држава ги има, но не може да ги оставите на страна познатите професори, поранешни министри, тие имаат искуство од времето кога биле министри – додава др.Татеши.

И додека Заев тактизира со оставката, министерот за здравство денеска само истакна – секој бил заменлив и никој не е венчан за функцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...