5.7 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Ѓорче објави фото со Баба Перса која лани го „пљукаше“...

Градоначалникот на Ѓорче објави фото со Баба Перса која лани го „пљукаше“ пред луѓе на улица

Александар Наумоски е еден од реткитре актуелни градоначалници на власта во Скопје, кој ја добива довербата да трча по втор мандат на локалните избори.

Во интервју за Прес24 вели дека резултатите остварени во овие изминати четири години се основата од која тргнува да ја барам довербата од неговите сограѓани.

-Ѓорче Петров мора да продолжи по патот на напредокот, мора да продолжи да се развива како модерна, урбана, отворена и европска општина со услови за хумано живеење, со можности за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, вели Александар Наумоски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Ѓорче Петров во интервју за Прес24.

-Пред четири години затекнавме една состојба на голема разлика меѓу урбаниот и руралниот дел, па оттаму нашите приоритети ги насочивме кон инвестиции и проекти кои значеа унапредување на квалитетот на живот во руралните населени места.

Тоа на почетокот ни донесе негативни коментари од жителите на урбаниот дел од општината, но денес, четири години подоцна сведочиме на вистински рамномерен развој, нешто што е реткост за другите општини во државата, вели Наумовски,кој потенцира дека успеал да реализира 80% од програмата, што ја ветил на претходните локални избори.
Според него потребни се промени во децентрализацијата на локалната власт, особено во делот на фискалната децентрализација.-Потребно е изнаоѓање начин на поинакво финансирање на општините, кои не би зависеле само од комуналии особено што веќе сме доведени во ситуација некои општини во Град Скопје веќе и да немаат простор за нови градби а тоа значи дека нема..да имаат пари од комуналии што сериозно ќе се одрази врз нивното функционирање, вели Александар Наумоски во интервју за Прес 24.

да имаат пари од комуналии што сериозно ќе се одрази врз нивното функционирање, вели
Александар Наумоски во интервју за Прес 24.

Пред две години баба Перса, жителка на Волково ги критикуваше премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, додека шетаа низ населбата, дека ништо не направиле во Горно маало.
Дека газат по кал и неасфалтирани улици. Тогаш градоначалникот веднаш ја демантираше.

Тој, по посетата на Волково со премиерот, ја посети улицата на која живее жената и презентира што сработиле. Порталот “Фокус” објави негово видео во кое што тој возвраќа на критиките.

„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече жителката.

Денес градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски на својот фејсбук профил објави слика заедно со баба Перса со која имаше недоразбирање и напиша:

Баба Перса нашиот критичар ни даде искрена поддршка за проектите со укажување дека повторно ќе не „кара“. Задоволна е од сработеното.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...