15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев до Вмро: Ајде заедно да направиме влада !!!

Заев до Вмро: Ајде заедно да направиме влада !!!

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен печат“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ѝ понуди заедно да формираат Влада. Меѓутоа, според него, моменталното раководство на опозициската партија не сака да разговара и преговара со власта.

-Нудиме соработка од секој можен аспект. Сѐ што можеме да направиме, да направиме. Дефинитивно мора да имате човек од другата страна да разговарата. Јас овде ќе кажам дел од новата политика, мислам дека имам толку почит во СДСМ, да го поминам тоа е да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. Но, да има човек со кого ќе можам да разговарам, со Мицкоски не се разговара, вели Заев.

Целта на оваа влада е да се департизира администрацијата и да се сузбие клиентелизмот во судството.

-Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата. Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам првпат оваа можност. Но, се е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш, рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...