17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВо стариот дел на Охрид се уриваат стари куќи за да се...

Во стариот дел на Охрид се уриваат стари куќи за да се градат згради

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во стариот дел на градот никнуваат објекти кои го нарушуваат автентичниот лик. Група граѓани од Варош преку собир по втор пат го изразија својот револт тие велат дека на само неколку чекори до Завод и Музеј се руши стара куќа со приземје и еден кат а на нејзино место ќе се гради четирикатница која не ги запазува димензиите габаритите и висините од деталниот урбанистички план во строго заштитената зона.

<

Граѓаните велат дека во време кога УНЕСКО стого бара почитување на законите и Планот за управување со Охридскиот регион, не се почитува законот за заштита на старото градско јадро.

Од охридскиот Завод и музеј за Сител велат дека се запознаени со случајот но посочуваат дека до нив не е пристигнато писмено известување за градежни активности ни од страна на Управата за заштита на културното наследство ниту од сопственикот на објектот.

 

ЕДНО ЗБОРУВАЈ, ДРУГО ПРАВИ….

Се чини дека и покрај ветувањата на надлежните пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО годинава, продолжува деградацијата на автентичноста и интегритетот на стариот град на Охрид.

Прашањето е, зошто е тоа така, кога културното наследство на Охрид е формално-правно заштитено, и тоа со:
⚖️ Закон за заштита на културното наследство (20/2004 и посл. измени)
⚖️ Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (75/2010)
⚖️ Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење (47/2011, 154/2015)
📌 План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020-2029) (45/2020).

#УНЕСКО #светсконаследство #културнонаследство #Охрид
Пишува SOS Охрид

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...