29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица работи на закон за укинување на ПРОВИЗИИТЕ кои банките им...

Левица работи на закон за укинување на ПРОВИЗИИТЕ кои банките им ги наплаќаат на граѓаните !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЛИХВОБАНКАРИТЕ СЕ НЕДОПИРЛИВИ И ВО НАЈГОЛЕМАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА – ЛЕВИЦА ЌЕ БАРА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОВИЗИИТЕ…

<

Во Македонија, најпрофитабилни во 2021 година се Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, и тоа не само што се водечки меѓу банките, туку и меѓу акционерските друштва кои што котираат на Македонската берза.

Споредено со 2020 година, банките одлично се опоравуваат од пандемијата, а профитабилноста во 2021 година е зголемена за повеќе од 20%. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се повисоки во 2021 година околу 18,5%.

Приходите од провизии и надоместоци имаат значајно учество во вкупниот приход и истите се движат околу 28%. При тоа, високата добивка во овие три банки е остварена со задржување на нивото на приходи од камати речиси на исто ниво во споредба со претходната година. Приходите од провизии се зголемени како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки.

И покрај тоа што во пандемиската 2020-та година, граѓаните масовно почнаа да користат електронско банкарство, приходите за провизии се многу повисоки во 2021-ва, што не кореспондира со начинот на плаќање. Граѓаните сè повеќе ги плаќаат сметките преку веб страниците на компаниите чии услуги ги користат, а овој начин на плаќање не генерира трошоци за провизија.

Левица ќе предложи законско решение за намалување на провизиите и надоместоците и нивно ограничување, со што овие навидум „безначајни“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните.

Апелираме и останатите парламентарни партии да го поддржат предлогот на Левица и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал.

#ЛевицаОдПарламент

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...