18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев се пофали: Туризмот за 6 месеци годинава го зголемивме за 56,6...

Заев се пофали: Туризмот за 6 месеци годинава го зголемивме за 56,6 отсто во споредба со лани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мерките на Владата даваат видливи резултати, туризмот во периодот јануари-јули 2021 година е зголемен за 56,6 отсто во споредба со истиот период претходната година, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

<

За да биде комплетна информацијата за „бомбастично зголемениот процент на туризмот“ треба да се има предвид дека се споредува со ланскиот период кога поради пандемијата туризмот беше речиси замрен.

-Денеска го одбележуваме Светскиот ден на туризмот, под глобалното мото „Tourism for inclusive growth”.Владата со конкретни мерки, во консултација со сите чинители во секторот, ја поддржа оваа индустрија која беше една од најпогодените од пандемијата во светски рамки. Мерките кои се имплементирани, годинава дадоа видливи резултати: бројот на туристите во јули 2021 година изнесува 136.291, од кои 66,4 отсто се домашни туристи, а 33,6 отсто се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јули 2021 година изнесува 618.314, од кои 83 отсто се од домашните туристи, а 17 отсто од странските туристи, напиша Заев.

Во периодот јануари-јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 46,4 отсто, истакна Заев и посочи дека кај домашните туристи има зголемување за 36,4 отсто, а кај странските зголемувањето е за 79 отсто.

Како главни проекти кои придонесоа за зголемување на бројот на туристи беа кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите за домашен туризам, додека кај странските туристи безнедосниот печат (safe travel stamp). Секторите туризам и угостителство и оваа година беа поддржани со директни грантови од страна на Владата, напиша на ФБ премиерот Заев.
Денешен Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...