7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСкандалозни сведоштва за извидничкиот камп - родителите гневни, полицијата и Обвинителството го...

Скандалозни сведоштва за извидничкиот камп – родителите гневни, полицијата и Обвинителството го испитуваат случајот

Полицијата го бара организаторот на скандалозното камп патување во кое малолетни средношколци требало да глумат сексуални активности под превезот на едукација. Заедно со обвинителството ќе испитуваат како е можно деца да учествуваат на настан каде имало сексуални настапи на рок песни, соблекување, глумење секс пози, бакнување. Скандалот го отвори „Слободен печат„ од каде тврдат дека младинскиот камп по наслов „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаут и рок енд рол„ бил организиран од „Прв скопски извиднички одред“ . Пренесуваат потресно сведоштвио на еден родител на средношколка која после шокот, побарала помош од училишниот психолог.
По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација – бројни реакции пристигнуваат во нивната редакција.

-Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, ни рече родителката.

-На почетокот син ми мислел дека е шега кога зборувале ,,сега ќе ставате чорапи на пенисите” меѓутоа подоцна сфатил дека работата преминала во најголема екстремност. Син ми одбил да глуми секс пози со стенкање во манастир, па револтирано го испратиле да оди во шума. Згора на тоа биле обоени со црна боја na лицето, цело село ги гледало кога поминувале. Дел од присутните возрасни на кампот ги коментирале градите на девојчињата. Син ми не сака да слушне веќе да оди таму после овој викенд, ни рече втората мајка на шеснаесетгодишен средношколец.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...