26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСе огласи девојката која падна на бина позади Шилегов, тој е вистински...

Се огласи девојката која падна на бина позади Шилегов, тој е вистински професионалец, говорот не смее да трпи без разлика што и да се случува позади него.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Завчера на конвенција на актуелниот и кандидат за иден скопски градоначалник, Петре Шилегов, се случи немил настан, кога една од кандидатките за советници во град Скопје, падна на бината, додека Шилегов држеше говор.

<

На социјалните мрежи, Шилегов беше цел на осуди, бидејќи кратко се заврти назад, а потоа го продолжи својот говор, додека присутните и помагаа на девојката да дојд3е при свест и ја тргнаа надвор од настанот.

Порталот Независен, објави интервју со Дина Спировска, која е кандидатка за советник од СДСМ за Советот на Град Скопје.

Дина е родена скопјанка, потекнува од Општина Центар и е член на СДСМ од 2009-тата година и се наоѓа на 17-тата позиција на листата за Совет на Град Скопје од СДСМ.

-Се надеваме дека си подобра од вторникот, кога се случи настанот при промоцијата на Шилегов за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Што се случи конкретно?

-Многу подобра, ви благодарам. Изминатиот период беше малку напорен за мене, имав прилично многу приватни и работни обврски, па заморот си го направи своето.

За жал, како по некое непишано правило, во најнесоодветен момент, организмот го вклучи црвениот аларм.

По консултација со медицински лица, соодветна терапија и мал одмор сум подготвена да продолжам од таму каде што застанав.
-Како се чувствуваш денес, како се справуваш со последиците од падот?

-Се чувствувам одлично и подготвена да го дадам најдоброто од себе. Искрено, не ми е сеедно во поглед на коментарите од противниците кои се крајно невкусни и користат нечија здравствена состојба со намера да го оцрнат Петре Шилегов како личност, а и нашата советничка листа.

Настан од таков карактер мора да биде професионален, без разлика што може да се случат и вакви непредвидливи и несакани моменти.

Јас ќе бев разочарана ако непотребно го прекинеше говорот, со оглед на тоа што инстантно се погрижија за мене другите советници, а и од причина што според мене општото добро е пред личното.

Целото интервју може да го прочитате Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...

Викторија Трајков за Шило Магазин: „Да не бидеме туѓинци со туѓи пасоши – време е за европска Македонија!”

ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВ – ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА: Не сум човек што лесно се откажува од остварување на зацртаните цели! ЛИЧНО & ПРИВАТНО 1. Како изгледа...

Душко Чифлиганец иако беше од најбогатите македонски семејства, беше тивок, скромен, и воспитан млад човек.

Иако беше дел од едно од најбогатите македонски семејства трагично загинатиот Душко Чифлиганец кој го загуби животот во мототрка во Чешка според луѓето со...