31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБаба Драга од беровско: Се вратив од Италија да не ни згасне...

Баба Драга од беровско: Се вратив од Италија да не ни згасне семејната фурна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Животниот пат ја одвел Драга Валаска во Италија, но по неколкудеценискиот престој се врати во Македонија и во своето родно село Митрашинци, пишува Сдк.Мк

<

Оддалечено 17 километри од Берово, Митрашинци важи за партизанска престолнина во Источна Македонија, затоа што во ова место во 1944 година биле формирани 13. и 14. Македонска ударна бригада.

„Многу ми е мило што се вратив и не дозволив да згасне семејната фурна. И брат ми има намера да се врати од Италија, но не сме сигурни дали тоа ќе го сторат и нашите деца“, вели Валаска.

По нејзиното враќање, нивната селска фурна на дрва повторно почнала да пече леб.

„Фурната ни е наследство. Си печеме леб најмалку еднаш или двапати во неделата за да има за сите. Една фурна ни носи 11 леба, чија тежина е речиси два килограми“, вели Драга.

Нејзиниот брат Маринко Баболински вели дека доаѓа секое лето, но има намера постојано да се врати во Митрашинци.

„Речиси 30 години живееме и работиме во Алба во регионот на Торино. Јас и сопругата имаме на ум да се вратиме во Митрашинци, но за децата не верувам. Тие во Италија веќе си формираат свој живот“, вели Маринко.

Митрашинци имало 2.000 жители до почетокот на овој век, кога почна масовното иселување. Младите најчесто заминуваат во Италија. Денес селото брои околу 500 жители.

Т. ЈОВАНОВСКИ СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...