15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаТалевска: За Тетово треба истрага како во Романија

Талевска: За Тетово треба истрага како во Романија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Несреќата во модуларната во Тетово е трагедија од невидени човечки размери, но разочарување е целиот правосуден систем, затоа што се уште немаме обвинение покренато за овој случај, додека за малата Тамара имаше во рекордно време обвинение против 12 лица. Сега толку време помина и нема никаков исход, вели новинарката Ивона Талевска за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

<

Талевска истакна дека Обвинителството треба овој случај што побрзо да го процесиуира, бидејќи се работи за најголема трагедија што ни се случила покрај губењето на животите на над 6.000 луѓе во корона кризата и посочи дека во Романија пожарот во ковид болницата се истражува како убиство со предумисла.

Таа сепак додава дека прашање како истото ќе го процесуираат имајќи предвид дека премиерот ја компромитира и ја политизира за што коментира и екс судијата Туфегџиќ.

Денес судијата Туфегџиќ прецизно за истрагата во тетовската болница посочува во премиерот Заев дека ја компромитира истрагата за пожарот во тетовската болница и дека истата ја политизира, да го обезвредни понатамошниот тек на истрагата, рече Талевска.

Талевска посочи дека уште едно прашање колкава е желбата на обвинителството бидејќи истото функционира како продолжена рака на власта, за пресметка со политички неистомисленици, било тоа да се членови на политичка партија или медиуми и затоа и правосудниот систем ни е таков каков што е и има лоши оценки од ЕУ.

– Правосудниот систем нема добра оценка од ЕУ, катастрофална е оценката. За тоа коментираа и обвинители, судии, и адвокатската фела. Има многу работа за обвинителството овие денови, многу криминални афери кои одат до самиот врв на власта и вертикално до сите структури, но тоа во моментов е продолжена рака на власта за справување со неистомисленциите, а не да ги гони криминалот и корупцијата во државата, нагласи Талевска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...