9.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМолк од Собранието дали Џафери ќе ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за...

Молк од Собранието дали Џафери ќе ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Молк од Собранието дали претседателот ќе ја прифати иницијативата на пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за свикување итна седница. Опозицијата уште вчера испратила барање до Талат Џафери, итно пратениците да одржат седница на која точки ќе бидат разрешување на министерот за здравство и заменик министерот. Ова доаѓа откако премиерот Заев практично реши да ги амнестира Хасани и Филипче кои од морални причини понудија оставки по трагедијата во Тетово. Иако требаше истрагата целосно да заврши, првиот човек на Владата само по првичниот извештај на Обвинителството реши да ги одбие оставките што ја разгневи опозициската партија од каде сметаат дека ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса.

<

-Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине реши да глуми. Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. ЈО наместо веднаш да ги повика на давање на искази и Филипче и Хасани цел месец се занимава со роднините на починатите. Истрагата се држи ниско без воопшто да се викне некој одговорен во институцијата. Филипче нема одговорност, без разлика дали причина за пожарот бил кабел, некој штекер, полнач за телефон или некој друг еектронски уред кој ќе му текне на Заев, рече Мизрахи.

Од кабинетот на собранискиот спикер не одговараат дали Џафери ќе ја прифати иницијативата. Вчера откако пратеникот Антонијо Милошоски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива, од кабинетот на Џафери само кратко информираа дека спикерот не сакал да ги коментира политичките изјави. Сега кога барањето е веќе испратено, нема информации дали и кога ќе има седница со овие точки.

Премиерот Заев пак, со истите оправдувања. Истрагата покажала дека не може да се лоцира менаџерска и политичка одговорност кај Филипче и Хасани. На ред биле истражните органи да увидат евентуална човечка грешка.

– Самиот начин на поднесување на оставката на двајцата директори од тетовската болница колку што јас сум информиран се неотповикливи оставки и Изборниот законик забранува во време на избори да се именуваат личности. Јас очекувам во ноември по завршувањето на изборите, вториот круг завршува на 31 октомври, да бидат поставени новите раководни лица, додаде Заев.

Инаку, по поднесување иницијатива за свикување итна седница, првиот човек на парламентот треба најдоцна до 10 дена да одговори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се...

Во кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните...

Државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. Пресметката ќе се вика „просечна потрошувачка кошничка“....

Државниот обвинител го побарал предметот за Пајазити, кој ја прегази Теодора

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој...