13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПукна уште еден меур бугарски лаги- Велко Цветков Велковски - Скочивирски е...

Пукна уште еден меур бугарски лаги- Велко Цветков Велковски – Скочивирски е македонски револуционер, прилепски војвода на ВМРО.

spot_imgspot_img

Пукна уште еден меур бугарски лаги

Велко Цветков Велковски – Скочивирски е македонски револуционер, прилепски војвода на ВМРО. Славниот Скочивирче загинал со целата своја чета во битка со турската војска кај с. Клепач, Прилепско, на 15 мај 1904 година. Убиените се погребани во дворот на селската црква „Свети Архангел Михаил“. (Не)Очекувано, и тие станаа предмет на бугарските лешинари и нивните поткусурувања, лаги и фалсификати.

Бугарија нема аргументи за ништо. Победуваат понекогаш со аргументот на силата, но никојпат со силата на аргументот. Секојпат, при секоја тема губат на полето на фактите и вистината. И, секојпат мораат да го одвлечат вниманието со друга – сосем различна лага.

Кога цела македонска јавност ги бомбардираше Бугарите со стотици историски докази за бугарскиот наци-фашизам во Втората светска војна, Бугарите извадија „џокер“ од ракав. И, пак се фатени во лага. На официјално ниво.

Веројатно за време на Првата светска војна, 10 години по смртта на овие комити, во с. Клепач била поставена пропагандна спомен-плоча со имињата на убиените и натпис – „Тие умреа за слободата на Македонија и обединението на Бугарија. Тој кој ќе падне во борба за слобода, тој не умира“.
(Те умряха за свободата на Македония и обединението на България. Тоз, който падне в бой за свобода, той не умира.)

Во 2021 година споменикот е заменет со нов натпис, на македонски јазик. На пр., воведот гласи: „Тука паднаа убиени од непријателски турски кршуми во 1904 год.“ Потоа, отстранет е делот за обединувањето на Бугарија, а презимињата на комитите завршуваат со „-ски“ наместо „-ов“ и „-ев“.

Според официјална Бугарија, податоциве се фалсификувани. Тоа не е точно. Според бугарските власти, надгробниот споменик е „бугарско историско наследство“. И тоа е лага.

Одиме по ред…

Според официјални извори, член на семејството, потомок на војводата Велко, по своја волја, во договор со црковниот одбор на црквата „Св. Архангел Михаил“, на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча. Притоа, самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот на натписот. Истрагата на македонското МНР утврдила и дека надгробната плоча не е заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и приватна надгробна плоча.

Гробот и плочата не ѝ припаѓаат на Бугарија!

Второ, нема ниеден познат запис каде војводата Скочивирски лично тврди дека се бори за „обединета Бугарија“. Комитите се борци на ВМРО и се бореле за Македонија. Не за Бугарија.

Уште една бугарска шовинистичка лага – побиена.

Трето… Околу презимињата… На претходната плоча, комитите се запишани со имињата според бугарските милет-документи. На новата плоча, запишани се нивните имиња – како што прилепчани и скочивирци, поточно нивните потомци ги помнат своите јунаци.

Четата на војводата Велко од 1904 година:
1. Велко Скочивирчето од село Скочивир,
2. Христо Романовски, с. Брник,
3. Димитрија Берански, с. Беранци,
4. Димитар Генимале од Битола,
5. Костадин Генимале, Битола,
6. Велко Долимановски, с. Српци,
7. Стрезо Милески, с. Клепач,
8. Стојан Ѓорчески, с. Клепач,
9. Тасе Костовски, с. Круша.

Според достапните податоци за овој помалку познат македонски борец и јунак, Велко Скочивирчето е роден на 5 април 1877 година во мариовското село Скочивир, но по потекло бил од Чеган, Воденско, Беломорска Македонија. Се приклучил на ВМРО и бил комита под водство на Ѓорѓи Сугаре.

Околните жители говорат дека неговото семејство е прилично бројно, распрснато низ неколку села и доста познато во Мариово. Во 1905 година водел активна борба против Османлиите и против грчката пропаганда што се ширела во Мариово. Подоцна станал и реонски војвода во Прилепско. За Велко Скочивирчето, македонскиот народ ја отпеал народната песна „На Бога се моле Велко војвода“.
——

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...