12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУсловна казна и 50 евра трошок за дивоградбата кај „Мавровка“

Условна казна и 50 евра трошок за дивоградбата кај „Мавровка“

spot_imgspot_img

Инвеститорот Алити рекол дека „се кае за ова што го направил, не бил свесен за последиците од неговото однесување, сметал дека со тоа што градел е само обнова на неговиот објект, сметал дека со тоа не врши кривично дело…“ и ветил дека во иднина нема да го повтори делото
Судот, пак, сметал дека условната казна е доволна и оти со неа ќе се постигнат целите на казнувањето
Една година по уривањето на дивоградбата, на истото место во полн ек работи кафулето „Фонтана“, а дел од останатите простории се нудат за издавање
Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ доби и правна разрешница. Како што пишува „Призма“, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба лани се уриваше со полициска придружба признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра).
Една година по уривањето на дивоградбата, на истото место во полн ек работи кафулето „Фонтана“, а дел од останатите простории се нудат за издавање.

Колку што беше силен одекот во јавноста дека спроти судската палата, во центарот на Скопје, ‘непознат’ инвеститор си ѕида објект и тоа трае со месеци, толку незабележано помина пресудата, која судски го запечати овој случај. Една година по оваа епизода, излегува дека правдата е задоволена. Едно признание на вина, условна казна, и судски паушал од 3 000 денари. Накусо, ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар. Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште. Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е виновен“,

се вели во текстот на „Призма“.

За повеќе детали Призма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...