18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаИмаме големо срце: Нови 149 бегалци од Авганистан слетаа на скопскиот аеродром.

Имаме големо срце: Нови 149 бегалци од Авганистан слетаа на скопскиот аеродром.

spot_imgspot_img

Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, соопштија денеска од Владата.

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства, додаваат од таму.

 

Граѓаните, според владините служби, ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

„По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина. Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки“, се наведува во владиното соопштение.

Потсетуваат дека до сега во земјава пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан за кои институциите прават сé да се чувствуваат безбедно обезбедувајќи им ја целата потребна поддршка и помош во текот на нивниот привремен престој во Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...