6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија7 години има најмладиот милионер во Македонија

7 години има најмладиот милионер во Македонија

spot_imgspot_img

Најмладиот милионер во државата е роден 2013 година а во 2020 година тој остварил добивка од еден милион денари од закупнина покажуваат годишните даночни пријави. Најстариот милион минатата година имал 96 години и исто така од закупнина инкасирал 4,5 милиони денари.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, го соопшти пресекот на годишните даночни пријави според кои иако минатата година беше година на економска криза поради пандемијата на коронавирусот, зголемен е бројот на граѓани кои заработиле повеќе кај праговите од 10 и од 100 милиони денари.

Според анализата на даночните пријави во УЈП, 11 граѓани пријавиле бруто доход од над 100 милиони денари или 1,6 милиони евра во 2020 година, 557 граѓани заработиле меѓу 10 и 100 милиони денари, 40 илјади граѓани имале бруто доход од еден до десет милиони денари анајголемиот број на граѓани, 616 илјади, имале бруто плата од 100 илјади до еден милион денари во 2020 година.

Повеќе детали за прес конференцијата на Лукаревска овде.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...