13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЧленови на ВМРО ДПМНЕ во Битола од ден за ден се повеќе...

Членови на ВМРО ДПМНЕ во Битола од ден за ден се повеќе покажуваат интерес за програмата на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски.

ВМРО ДПМНЕ во Битола е во паника, откако се поголем дел од нивното членство покажува интерес за програмата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.

Ова го дознаваме од свои извори во ВМРО ДПМНЕ- Битола, кои велат дека откако Кондовски пред битолчани настапил со голем број проекти кои нудат решенија токму така како што бараат граѓаните, се поголем дел од членството на ВМРО ДПМНЕ се интересира за неговата програма. Тие особено се вознемириле откако сондажите на терен почнале да им покажуваат дека и нивни членови се подготвуваат за гласаат за Кондовски токму затоа што настапува со програмат со конкретни проекти.

Чувствувајќи дека го губат теренот, од изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ Битола во последните денови ставаат акцент токму на програмата на Кондовски обидувајќи се да го оцрнат пред јавноста, што сепак тешко им оди откако Кондовски прецизно ги презентира своите проекти и идеи пред граѓаните, а интересот на битолчани од ден на ден се повеќе расте.

Воедно, Кондовски на смирен и елоквентен начин токму со проекти и идеи се претстави и на двете дебати на МТВ и Телма, каде гостуваа пет од вкупно шест кандидати за градоначалник на Битола и тоа покрај Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јорго Огненовски од партијата Демократи, Горан Тасковски од партијата Македонска ера трета и Зоран Лазаревски-Паљо предложен од група избирачи. Поради службено патување во Словенија отсуствуваше Горан Милевски од коалицијата на ЛДП и ДОМ.

Покрај со проектите, Кондовски го привлекол вниманието на членовите на ВМРО ДПМНЕ и преку прашањето кое директно му го постави на противкандидатот Коњановски зошто сега го оспорува неговиот професионален профил, а претходно лично Коњановски примил донација од фирма на Кондовски. Покажувајќи фотографија како Коњановски лично прима донација, Кондовски го запраша: Од кога тоа да се биде успешен менаџер е хендикеп, а не предност?

На ова Коњановски ретерираше и рече дека апсолутно не е хендикеп да се биде успешен менаџер.

ВМРО ДПМНЕ – Битола дополнително се во паника и затоа што Кондовски, како што и сам јавно нагласува, никогаш не бил на политичка функција и не користел државни фондови, за разлика од противкандидатот Тони Коњановски.

И додека разочараноста на членството на ВМРО ДПМНЕ тлее повеќе години, во услови кога им се нуди општината да ја води човек од фамилијата Коњановски, што би значело продолжување на политиките на неговиот брат Зоран Коњановски и нивниот градоначалник Владимир Талевски, сега Кондовски и за многумина од опозицијата е надеж Битола да тргне во еден нов и прогресивен правец.

Ова дотолку повеќе ги притиска ВМРО ДПМНЕ, затоа што Кондовски не е политичар, туку човек од реалниот сектор. Тој секој ден е меѓу граѓаните, а битолчани го доживуваат како натпартиски човек. Всушност, тој и самиот вели дека по ниту еден основ не ги дели луѓето, туку ги обединува и дека затоа ќе биде градоначалник на сите граѓани во Општина Битола.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...