Македонија ниту до 2030 година нема да стане дел од европското семјество – дел од аналитичарите предупредуваат власта да не создава лажни очекувања туку да се соочи со реалноста и искрено да им соопшти на граѓаните дека уште долго ќе бидеме во ЕУ чекалната. Сигналите за забавување на процесот на проширување ги гледаме одамна, а ни последниот Самит во Словенија не донесе никакви гаранции за Западен Балкан како што се надеваше македонската дипломатија, бидејќи освен спорот со Бугарија сега услов се и реформите кои треба да се случат внатре во Унијата. Нејасно е зошто сите овие години, по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија, дипломатијата молчеше или не знеше, дека ЕУ треба да се реформира пред да прими нови членки.
Изминатите повеќе од две години сведоци сме кога проширувањето паѓа се подолу на агендата на ЕУ и сите овие настани не водат до суштината на овој процес. Нашите граѓани се жртви на лажните ветувања, во изминатите години власта најавуваше дека само што не сме ги започнале преговорите. Она што го видовме на последниот Самит дека дури во 2030 година ќе има пречка за некои држави да формулираат датум за Западен Балкан. – вели поранешниот вицепремиер за европски прашања и поранешен амбасадор на Македонија во САД, проф. Васко Наумовски.
Според Наумовски процесот на проширување не се заснова на спорот кој Македонија го има со Бугарија, туку исполнување на критериумите од Копенхаген, кои меѓу другото содржат реформи во судството, борба против корупцијата, поквалитено образование. Билатералните спорови би требало да се решаваат дури откако земјава ќе ги исполни сите тие услови.
Нашата влада обидувајќи се да изгради една приказна дека таа го има монополот на европската агенда во државата се обиде да создаде перцепција дека само со оваа влада може да се оди напред, а ние не само што стагнираме на патот кон еу туку исполнување на критериумите. Нам не ни треба почеток на преговори за да имаме реформи во судството, борба со корупцијата, но гледаме дека определени назадувања – коментира универзитетскиот професор.
Цела анализа прочитајте ја тука.