12.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОд СДСМ се пофалија: Правиме струја од ветар, од сонце, на полињата...

Од СДСМ се пофалија: Правиме струја од ветар, од сонце, на полињата ќе никнат ветерници, исто така и од ѓубрето ќе се прави струја, ние се грижиме за реките и езерата..

spot_imgspot_img

Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење.

Ова се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:

Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.

Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ.

.За таа цел, продолжува набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.

Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.

Само со СДСМ која го носи најдоброто продолжуваат инвестициите во одржливиот развој на општините кој носи баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, на тој начин еднакво ќе ги развиваме сите општини во нашата татковина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...