18.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден останките на Делчев, во дрвен саркофаг, со највисоки државни...

На денешен ден останките на Делчев, во дрвен саркофаг, со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во камен саркофаг во црквата Св. Спас

spot_imgspot_img

ТОДОР ПАВЛОВ, БУГАРСКИОТ АКАДЕМИК ТОГАШ ЌЕ РЕЧЕ:ДЕЛЧЕВ СО СВОЈАТА АКТИВНОСТ ПРИДОНЕСЕ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ, МАКЕДОНСКА, А НЕ БУГАРСКА ИЛИ СРПСКА.

На 7 октомври 1946 година, со голема свеченост и со највисоки почести, од Софија биле испратени посмртните останки на кукушкиот војвода во Скопје, со што е исполнет неговиот аманет да почива во главниот град на слободна Македонија. Минувајќи низ Пиринска Македонија и низ повеќе градови на тогашна Народна Република Македонија, останките на Делчев, во дрвен саркофаг, со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во камен саркофаг во црквата „Св. Спас

Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата „Св. Спас” било извршено на 10 октомври.

На испраќањето, Тодор Павлов, член на Бугарската Академија и регент на Бугарија, одржал говор во кој меѓу другото, истакнал:
„Гоце Делчев можеме слободно да го сметаме за основач на Македонскиот Народноослободителен Фронт кој во нашето време успеа да ја воспостави слободната и суверена Македонска Држава, која слободно и самостојно се определи да стане рамноправна република во Титова Федеративна Југославија.

Гоце со целата своја револуционерна активност и мисла силно придонесе за основањето и развојот на македонската национална свест, македонска, а не бугарска или српска. Во едно од неговите писма Гоце напишал: „Како не се најде од мајка роден да напише барем една книга на македонски јазик“. Да беше Гоце сега жив, ќе му се наполнеше срцето да види дека денеска во Македонија се печатат многу книги, не само поезија, и не само историски книги напишани на литературен македонски јазик. Овој чин, пренесувањето на останките на Гоце Делчев во новата слободна престолнина на Македонската Држава ќе биде од огромно историско и симболично значење, зашто ќе помине низ Пиринска Македонија. Македонија може, треба, и ќе биде обединета во нејзините природни и историски граници. Така обединета, силна, еманципирана, суверена и во секоја смисла прогресивна, ќе стане моќна алка која ќе ги спојува балканските демократски народи. Да живее слободна, суверена, Народна Република Македонија, сонот на нејзиниот бесмртен син Гоце Делчев.“(тв нова)

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...