20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаКоалиција на Египќаните ги поддржува кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Коалиција на Египќаните ги поддржува кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците на Неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните потпишаа Меморандум за соработка со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Демир Далип, претседателот на НГИ Коалиција на Египќаните вели дека и на овие избори тие ја даваат целосната поддршка на кандидатите за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ и дека се дел од коалицијата „Обнова на Македонија“.

„Од 2016 година ние сме во постојана комуникација и соработка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од кого ја имаме целосната поддршка како и визијата за институционална интеграција на Египќаните. И кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ за Охрид и Ресен, Кирил Пецаков и Јован Тозиески имаат големо разбирање и даваат силна поддршка за Египќаните и очекувам како идни градоначалници многу да помогнат во интеграцијата на Египќаните“, изјави Демир Далип

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...