8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗабранет за промет и повлечен од продажба замрзнатиот зеленчук во кој беше...

Забранет за промет и повлечен од продажба замрзнатиот зеленчук во кој беше најден глушец

spot_imgspot_img

Откако викендов по социјалните мрежи кружеа коментари на слики од битолчанец, кој купил замрзнат микс од зеленчук, со мртов глушец во него, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопштија дека: „Поради сомнеж за физичка контаминација (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс”, по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, издадена е забрана за промет на овој производ и негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава“.

Од АХВ соопштуваат дека е издадена наредба на операторот со храна, да изврши сопствена проверка на секоја серија/лот од овој производ, во сите маркети каде е пласиран овој производ. Директорот на АХВ, Николе Бабовски, најави дека ќе се извршат вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа.

„Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување. АХВ ги известува потрошувачите, доколку купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и да го прегледаат и доколку утврдат присуство на страни тела, истиот производ да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ“, апелираат од АХВ.

Додаваат дека за овој случај кој беше објавен викендов на социјалните мрежи, до Агенцијата не е поднесена претставка и дека АХВ, како одговорна институција за безбедност на храната, апелира ваквите случаи, наместо на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните. Потсетуваат дека граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната можат да ја пријават до АХВ лично, писмено, електронски на [email protected] и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

МЕТА.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...