13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИнтервју со Мевла Шазиман, кандидат на независната советничка листа „Охрид има план...

Интервју со Мевла Шазиман, кандидат на независната советничка листа „Охрид има план Б“

Интервју со Мевла Шазиман, кандидат на независната советничка листа „Охрид има план Б“
Прв пат се вклучувам во политика. Имав голема желба за политика. Никогаш не сум била партиски определена, секогаш сум била независна, токму поради тоа се вклучив во независна листа. Граѓаните бараат промени, младината најмногу, токму поради тоа ние ќе направиме најмногу за нив. Јас многу ќе се борам и за жените“, вели кандидатот за советник од независната листа „Охрид има План Б“, Мевља Шазиман.

Благодарение на ангажманот на Шазиман, независната листа „Охрид има план Б“ доби поддршка од партијата на Реџеп Таип Ердоган.

„Да бевме во Турција каде што имаме многу блиски роднини и пријатели имаме и роднина која е во советничка листа во (АКП) на Реџеп Таип Ердоган. Таму се сретнав со пратеничката од Партијата на правдата и развојот (АКП), Саре Ајдин, која што важи за една од влијателните жени во Турција и близок соработник на Ердоган. При тоа разговаравме за престојните локални избори во Македонија, за учеството на жената во политиката“, вели Шазиман.

Шазиман е категорична дека доколку ја добие поддршката од граѓаните ќе се залага за што поголема застапаност на жената во политика, но застапеност и на жената турчинка во политиката.
„Знаеме дека во Епропа 50 % од политичарите се жени. И во турција е така. кај нас за жал не е така. Јас ќе се потрудам истото да го спроведам и кај нас. Не се битни само правата на жената, туку битни се и правата во семејството. Значи ако имаме поддршка од семејството, можеме многу да успееме. Јас сум среќна што ја имам целокупната поддршка од моето семејство“, вели кандидатот за советник од независната листа „Охрид има план Б“.Видео Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...