18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаХристовски од Крушево: Изградивме над 50 километри патишта..

Христовски од Крушево: Изградивме над 50 километри патишта..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изградивме над 50 километри патишта и ќе продолжиме да инвестираме во инфрастуктурата, порача кандидатот за градоначалник на Крушево, Томе Христовски на трибината на СДСМ во градот. Тој кажа дека е неопходно да се инвестира и во крушевските села, па затоа се гради цевковод во Саждево, резервоари за вода во Белушино и Борино, но вети дека ќе се инвестира и во образованието и младите.

<

-Направивме санација на сите подрачни училишта. Опремивме и оспособивме сала за театар и кино, а ќе се реконструира и Домот на културата, што ќе биде место за култура и за неформално образование. Најавувам и изградба на ново повеќенаменско игралиште, рече Христовски.

Тој додаде дека младите ќе се задржат во Крушево доколку има инвестиции, а една таква е фотоволтаичната централа вредна пет милиони евра, како и проширување на индустриската зона.

-Во 2017 година начекавме општина затрупана со три кредити и 13 милиони денари долг, а ја направивме една од најуспешните. Од општина без проекти ја направивме општина со над 50 проекти и реализирани шест милиони евра, нагласи Христовски…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...