20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за власта: Ако повеќе работеа, а помалку беа насочени на ...

Мицкоски за власта: Ако повеќе работеа, а помалку беа насочени на криминал, автопатот Кичево- Охрид ќе беше изграден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Што може да се очекува од човек кој што главна водилка во неговата политичка кариера се тендерите, провизиите и куферчињата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на премиерот Зоран Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

<

Претседателот Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев и СДСМ малку повеќе работеа на проекти, а помалку на провизии и криминал, тогаш до сега автопатот Кичево – Охрид ќе беше изграден.

–Нормално е дека ќе бара одговорност, иако веќе 5 година е власт во државата. Јас не очекувам нешто различно тој да каже отколку да ја префрли топката пред 5, 6, 7, 8, 10 години што се случувало. Во суштина 5 години гледаме многу криминал, многу пљачка, многу наместени тендери и многу куферчиња што се разнесуваат низ Македонија. Доколку повеќе мислеше на работи и проекти, а помалку на куферчиња, криминал и провизии, тогаш автопатот ќе беше веќе готов и немаше да имаме толку луѓе, кои што за жал трагично го загубија својот живот, а охриѓани ќе можеа побрзо да патуваат и всушност сите оние туристи кои што сакаат да дојдат во Охрид ќе можеа побрзо да стигнат. Но, за жал уште малку ќе треба да ја истрпиме оваа власт на СДСМ и Зоран Заев и после 17-ти октомври следуваат промени во Македонија на подобро, изјави Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...