6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата размислува да го сопре увозот на ЕУРО4 возилата, со цел...

Владата размислува да го сопре увозот на ЕУРО4 возилата, со цел помалку да има загадување, при што ќе се увезуваат возила со ЕУРО5 стандарт со што ќе се поднови и возниот парк.

spot_imgspot_img

За да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјава, годинава веројатно ќе се зголеми стандардот за увоз на возила, најави министерот за економија Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“

„Согласно комуникациите што ги имаме со Министерството за животна средина, годинава, најверојатно, треба да се зголеми стандардот. Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од еуростандард 4“, рече Бектеши.
Во однос на другите мерки што се планираат во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива, мерка што ќе се спроведе годинава.

Тој рече дека се бараат средства за уште две мерки кои Министерството за економија сака да ги спроведе. Со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возила кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со евростандард 5 или 6. Втора мерка, за која се уште не се обезбедени средства, е субвенционирање на купување на хибридни возила.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...