12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаТАТКОТО НА ВАЊА ГО ОРГАНИЗИРАЛ ГРАБНУВАЊЕТО НА ЌЕРКА СИ, УБИЕЦОТ ЈА КИДНАПИРАЛ,...

ТАТКОТО НА ВАЊА ГО ОРГАНИЗИРАЛ ГРАБНУВАЊЕТО НА ЌЕРКА СИ, УБИЕЦОТ ЈА КИДНАПИРАЛ, СЕ ИСПЛАШИЛ И ЈА УБИЛ И ЗАКОПАЛ ПРЕД ДА ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА

spot_imgspot_img

Обвинителот Гаврил Бубевски министерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Убиецот ја убил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, утринава на прес-конференција.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември.

„Осомничени се 5 лица, од кои за 3 веќе е определена мерка притвор. Едно лице е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен. Извршен е распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на јавен обвинител. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството го организира и извршува и кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на од кои сите осомничени би имале материјална корист“, изјави Спасовски.

Малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Петар Жежовски се убиени и закопани. Таа во близина на Скопје, а Жежовски во близина на Велес

Петар нема врска со Вања, но тој имал нерасчистени односи со убиецот кој е во бегство. Претходно му било украдено возилото „итроен“ и со него е земена Вања.

Таткото на Вања на претходно му кажал на убиецот кога излегува ќерка му од дома.

Убиецот ја зел Вања од пред влезот на домот. Но, тој ја убил Вања набрзо откако ја собрал, исплашен од масовната истрага која почна веднаш. Убиецот, заедно со адвокатот, избегал во Белград, па во Бугарија, на 30 ноември.

„На монструмот му ја следиме трагата, тој ќе биде фатен!”, вети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Информациите вчера прво им биле соопштувани на семејствата на жртвите, кои потоа вршеле препознавање.

Поради опасност од масовно ширење шпекулации и меѓуетнички тензии со злоупотреба на трагичните настани, синоќа биле принудени да излезат предвреме и со нецелосни информации за нив.

„Петмина се осомничени за две дела, грабнување и убиство, најтешките кривични дела во нашиот казнен систем. Притворот е само од 48 часа засега. Ќе излезат резултатите од обдукцијата, од биолошките и други траги, по што МВР ќе поднесе сооодветни кривични пријави и Обвинителството ќе отвори официјална истрага. Веќе потоа ќе се надоврзе подолга ефективна мерка притвор”, кажа Јавниот обвинител на Скопје Гаврил Бубевски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...