25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Груевски за 6 дена му истекува азилот во Унгарија

На Груевски за 6 дена му истекува азилот во Унгарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На поранешниот премиер, и се уште актуелен бегалец, Никола Груевски овој месец му истекува азилот кој го доби од Унгарија, каде што живее изминатите три години.

<

Тој на 20 октомври 2018 година на фејсбук информираше дека добил азил, а според правилата на државата во која е засолнет, по три години се прави ревизија на одлуката. Односно, Унгарија повторно ќе мора да одлучи дали и понатаму ќе му обезбеди прибежиште на Груевски.

Денес, Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил поради политичкиот прогон во Република Македонија.
Во барањето за политички азил наведов дека го барам поради политичкиот прогон од новата Влада предводена од партијата СДСМ. Наведов дека Владата сака да ми ја одземе слободата користејќи недемократски чекори и методи и злоупотребувајќи го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија, објави Груевски на 20 октомври 2018 година.

Сепак, се очекува Унгарија повторно да му обезбеди азил на Груевски. Тој неодамна регистрираше и фирма со широка деловна активност во малото гратче Пецел, кое се наоѓа на дваесетина километри од унгарската престолнина.

Груевски пред три години избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Тој преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Будимпешта, а Обвинителството се уште ја води истрагата за неговото бегство. Според една од последните изјави на обвинителката Вилма Русковска, имаат информации но не и докази за да покренат обвинение за случајот.

Од Министерството за правда, на прашањето од „Фокус“, кога последен пат испратиле барање за екстрадиција на бегалецот, ни одговорија дека последното дополнување на барањето за екстрадиција е испратено на 13 јуни 2019 година.

Валентина Вурмо Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србинка со нож нападнала охриѓанец во угостителски објект.

Вчера во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, дошло до физичка пресметка помеѓу две лица – дваесет и петгодишната Т.С. од...

Од ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија....

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...