17.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСи заминаа првите Авганистанци од Македонија

Си заминаа првите Авганистанци од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата информира дека група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, по повторното превземање на власта од талибанскиот режим заминала синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје.

<

„Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, објави Владата.

Македонија до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

„За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“, се дополнува во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...